Во дуелот помеѓу ЛА Клиперс и Њу Јорк Никс славеа домаќините со 135-132, а најмногу ќе останат запаметени две работи. Првата од нив е дека после овој натпревар е испишана нова страна во историјата на ЛА Клиперс. Имено, за прв пат во нивната антологија, три играчи постигнале над 30 поени. Творци на новиот рекорд беа Монтрезл Харел со 34, како и Пол Џорџ и Лоу Вилијамс со 32 поени. Освен ова достигнување, ќе остане запаметен и неверојатниот кош на Пол Џорџ кој го постигна преку задната страна на таблата под фаул.



