Каратистите се светла точка во македонскиот спорт затоа што постојано постигнуваат високи спортски резултати, кои што од државата , но и од самата федерација КФМ не се подржани и соодветно наградени.
На претстојното Европско првенство во карате во Будимпешта,Унгарија кое ќе се одржи од 7 до 9 февруари, каратистите се оставени сами на себе и со самофинансирање ќе одат на големиот спортски настан.
Неспособноста на Карате федерацијата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт се покажува на дело и нивната нестручност во нивните кадри директно се одразува на спортистите и постигнувањето на поголем успех на големите спортски натпреварувања.



