понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ДЕСТИНАЦИИИ

Љубљана нова туристичка атракција на картата

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
април 26, 2021
📁 ДЕСТИНАЦИИИ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Словенија дефинитивно е новата европска туристичка „хит” дестинација. Ако до пред неколку години за најголем дел од европските туристи, таа беше само пропратна земја за да стигнат до хрватското крајбрежје, работите дефинивитно се променија. Љубљана во 2019 година е полна со туристи, не само за време на летото, туку и во зима, а градските власти дефинитивно знаат како да ги задржат.

Љубљана ден пред Нова Година. Полни улици, насмеани лица, музика, греано вино и прекрасната Љубљаница. Вака накратко може да се опише атмосферата во главниот град на Словенија. И покрај тоа што тука традиционално фокусот секогаш бил на Божик, градот оваа година посебно се подготви за новогодишната ноќ или како што велат Словенците „Силвестрово”.

Тоа што е вистинска промена од минатите години е дека бројот на странски туристи значително се зголемува. Европските добронамерници буквално ја „открија” Словенија како држава каде што за многу помалку пари ќе можат да добијат услуги со квалитет еднаков на тој во Западна Европа. А и Љубљана има што многу да понуди. Историја, уметност, вкусна храна и прекрасно старо гратско јадро. Љубљанчани низ шега раскажуваат дека последните години туристичката сезона им трае 365 дена.

Градот, последните години е познат како „Европска Зелена Претстолнина” за 2016 година, овие денови блеска во целиот свој сјај. На улиците начесто, покрај словенечки јазик може да се слушне италијански, германски, руски и англиски јазик. Секој плоштад кој се наоѓа во центарот на градот има и сопствена елка. Природна, едноставно украсена, совршено се вклопува во одмерениот амбиент. На повеќе локации во градот, на Прешерниот, Конгресниот, Гратскиот плоштад поставени се бини, на кои веќе две недели се одвива музичка програма. Има уште еден интересен куриозитет во однос на овогодишното украсување на градот.

Имено, во Август оваа година почина словенечкиот уметник и сликар Жмаго Модиц, па градот одлучи сите светлечки украси кој ја красат Љубљана оваа зима да бидат всушност обработени теми од неговите дела. Украсите практично ги направи неговиот син и тие претставуаат ретроспектива на неговата работа, а на тој начин градските власти кои го финансиираа проектот сакаа да се одолжат за неговата долгогодишна работа.

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Десното крило на РК Струга работи и како волонтер во Црвениот крст

Следна вест

Бесплатни хамбургери цела година ако се тетовирате

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

(Видео) Островот Корчула еден од најубавите во Хрватска
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Островот Корчула еден од најубавите во Хрватска

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Дек/2024
(Видео) Најубави светски дестинаци –  Кејптаун, Јужна Африка
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Најубави светски дестинаци – Кејптаун, Јужна Африка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Дек/2024
(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Ное/2024
(Видео) Сингапур прекрасен град-држава во Азија
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Сингапур прекрасен град-држава во Азија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Окт/2024
Следна вест

Бесплатни хамбургери цела година ако се тетовирате

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.