Во рамките на 25. коло од Чемпионшип, најлудиот дуел беше одигран во Бирмингем на „Ст. Ендру’с Стадиум”. Имено, домашниот тим на Бирмингем го пречека кандидатот за влез во Премиер Лигата – Лидс. Тимот на Марсело Биелса, во 21. минута, водеше со 0-2 преку головите на Хелдер Коста и Џек Харисон. Шест минути подоцна, Џуд Белингам, 16-годишниот напаѓач на Бирмингем, намали на 1-2. Веќе во 61. минута, Бирмингем израмни преку Јуткиевич, а осум минути подоцна, Ејлинг ја врати предноста на Лидс. При вториот и третиот гол на Лидс, Езѓан Алиоски запиша две асистенции. Во 83. минута, Бирмингем повторно израмни, но овој пат преку Бела, а само една минута подоцна, Далас ја врати предноста на Лидс. Во првата минута од судиското продолжение, Јуткиевич со својот втор гол на мечот израмни на 4-4, а конечните 4-5 ги постави Хардинг со својот автогол во 95. минута.
Имајќи во предвид дека ВБА загуби дома со 0-2 од Мидлсброу, Лидс со оваа победа се искачи на првото место на табелата.



