„Боксинг деј” во Шкотска започна со градското дерби на Едингбург помеѓу екипите на Хартс и Хиберниан.
Хартс е во огромна резултатска криза иако направија промена на тренерот донесувајќи до поранешниот тренер на Барнсли – Даниел Штендел.
Од друга страна, Хиберниан беше во серија од два порази после дуелите со Селтик и Ренџерс, но сепак се држи солидно во горниот дел на табелата.
Во овој дуел ја оправда фаворитската улога совладувајќи го Хартс со 0-2 на „Тајнкесл Стадиум”. И двата гола беа постигнати од двоецот Алан – Бојл. Скот Алан асистираше и за двата погодоци во 6. и 31. минута, а Австралиецот Мартин Бојл стигна до бројката од пет постигнати погодоци после десет одиграни натпревари оваа сезона.
Администраторите на Твитер профилот на Хиберниан, го „поздравија” Бојл со шеговита досетка:
„Не знаеме што точно Рејчел Бојд ставила во божиќната вечера, но Мартин Бојл лета !!!” – алудирајќи на сопругата на Дојл која игра во женскиот тим на Хиберниан.



