Третиот велеслалом оваа сезона во машка конкуренција се одвиваше во Алта Бадиа, Италија.
Во првата серија Леиф Кристиан Нестволд-Хауген, Марко Одермат и Алексис Пантуро беа на врвот пред останатите конкуренти. Во втората серија се смени ситуацијата. Најбрзо скијање имаше Сиприан Саразан кој од 22. стигна до второто место на крајот и го оствари својот најдобар пласман во велеслалом. На третата позиција заврши Словенецот Жан Кранјец кој имаше заостаток од 39 стотинки зад победникот Хенрик Кристоферсен. Првопласираните од првата серија завршија подоле – Одермат беше на 5., Пантуро на 8., а Нестволд-Хауген на 11. позиција.
Скијањето на Саразан може да се најде на следниот линк:
https://vod-eurosport.akamaized.net/nogeo/2019/12/22/sarrazin-1272908-2300-1024-576.mp4



