понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Најстариот професионален фудбалски клуб од Шкотска: Килмарнок ФК

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 20, 2019
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Килмарнок е еден од најстарите шкотски фудбалски клубови. Формиран е на 5. јануари 1869 во гратчето Килмарнок во Источен Ајршир. Домашните натпревари, од 1899, ги игра на стадионот наречен „Рагби Парк” кој има капацитет од 17 889 гледачи. Килмарнок е најстариот клуб во шкотскиот Премиершип, а воедно и најстариот професионален клуб во Шкотска.

Основање и почетоци:
Во 19. век, најпопуларен спорт во Килмарнок бил крикетот. Сепак, сезоната за крикет траела само во летниот период, па играчите сакале да спортуваат и во постудените денови. Поради оваа причина одлучиле да формираат фудбалски клуб. Првите натпревари повеќе личеле на рагби отколку на фудбал, па затоа стадионот го носи името „Рагби Парк”. Најстариот клуб во Шкотска е Квинс Парк кој бил формиран во Глазгов во 1867. Овој клуб покренал иницијатива за формирање на шкотска фудбалска асоцијација во 1873 во којашто учествувал и Килмарнок.
По основањето на асоцијацијата, бил основан и шкотскиот куп. Килмарнок го одиграл првиот меч во историјата на Шкотскиот ФА Куп на 18. октомври 1873 и загубил со 2-0 од Рентон. Во 1895 влегол и во шкотската фудбалска лига, а во 1899 за прв пат бил промовиран во првата дивизија. После еден мирен и стабилен период во првата дивизија, во 1929, Килмарнок ја остварил една од најзначајните победи во својата историја совладувајќи ги Глазгов Ренџерс со 2-0 во финалето од ФА Купот пред публика која броела 114 708 гледачи ! Оваа била втора титула во ФА Купот за Килмарнок откако во 1919/20, во финалето, со 3-2 славел над Албион Роверс.

Втора половина на 20. век:
Во 1964/65, Килмарнок стигнал до својата единствена шампионска титула во Премиершип. Титулата ја освоил на неверојатен начин. Во тој период, за победа се доделувале по два поени. На две кола до крајот, Хартс бил првопласиран со три поени предност. Хартс ремизирал во претпоследното коло, а Килмарнок победил, па во пресрет на последното коло, Хартс водел со два поени повеќе. Им претстоел меѓусебен дуел на „Тајнкесл Парк”, а Килмарнок, за да стигне до титулата, требало да победи со два или повеќе разлика. Килмарнок успеал да слави со 0-2 и да ја донесе титулата во Источен Ајршир по прв и единствен пат во историјата. Во четири од петте сезони пред да ја освои титулата, Килмарнок завршувал како второпласиран во лигата и изборил неколку финалиња во ФА Купот и Лига Купот. Во 1980-тите, Килмарнок бил во резултатска криза што завршила со релегација во втората лига. Во 1993 изборил промоција, а во 1997 го освоил купот по трет пат совладувајќи го Фалкирк во финалето со 1-0.

Килмарнок во новиот милениум:
Во 2000/01 и во 2006/07 Килмарнок играл во финалето на Лига Купот, но и двата пати претрпел пораз. Во 2001 бил поразен од Селтик со 3-0, а во финалето бил инфериорен во однос на Хиберниан кој славел со 5-1. Во овој век, Килмарнок претрпел и неколку замени на нивното кормило и водел борби за опстанок во Премиер Лигата. Сепак, минатата сезона (2018/19), сезоната кога Килмарнок славеше 150 години постоење, заврши на одличното трето место совладувајќи го Ренџерс со 2-1 во последното коло. Овој пласман му донесе на тимот учество во Европа (прво после 2001) и највисоката лигашка позиција уште од 1966. Најсветлата точка од 21. век во историјата на Килмарнок е освојувањето на Лига Купот во 2011/12 откако во финалето славеше со 1-0 над Селтик.

Ајршир дерби:
Најлут ривал на Килмарнок е неговиот сосед Ајр Јунајтед – тим што моментално игра во втората лига. Ајр Јунајтед е ситуаиран во градот Ајр кој се наоѓа на неполни 25 километри од Килмарнок. Првиот меѓусебен натпревар датира од 14. септември 1910 и завршил со 4-4. Сè до 1998, овие две екипи се натпреварувале во локалниот Ајршир Куп, но овие натпревари се сметале како натпревари со аматерски карактер. Учинокот од натпреварите со попрестижно реноме изнесува 48 победи за Ајр, 56 победи за Килмарнок и 34 ремија. Последниот натпревар беше одигран на 14. јули 2017 во рамките на групната фаза на Лига Купот. Овој натпревар го доби Ајр со 1-0.

Tags: КилмарнокФудбалШкотска
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) НХЛ: Спектакл полн со голови во Ванкувер

Следна вест

Карачиќ е избран за најдобар ракометар во Хрватска

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Карачиќ е избран за најдобар ракометар во Хрватска

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.