Натпреварувачкиот викенд во Клингентал, денес со својата прва победа сезонава, го затвори Рјоју Кобајаши. Актуелниот шампион беше првопласиран после првата серија, а со солидниот втор скок ја завери својата победа. Двајцата најдобри Австријанци оваа година, Крафт и Ашенвалд, завршија на втората и четвртата позиција. Овој двоец веше разделен од Норвежанецот Линдвик. Гајгер заврши петти, а после скокот од 140 метри во втората серија, Сато напредуваше до шестата позиција. Полјаците славеа вчера на екипното натпреварување, но денес потфрлија. Имено, нивен најдобар скокач беше Жила кој заврши како деветти. Од Словенците, најдобро беше пласиран Петер Превц на осмата позиција.



