Во фер и коректен првенствен натпревар од Прва ЖФЛ во Струмица домашните фудбалерки на ЖФК Тиверија во еден ефикасен меч стигнаа до голем триумф над минатогодишниот шампион ЖФК Драгон од Скопје со резултат од 5:3.
Драгонки уште по првата полусезона имаат неколку киксеви и лоши резултати и го губат чекорот за врвот на табелата. За победничкиот тим головите ги постигнаа Димоска и Бошеска кои беа двојни стрелци, додека еден гол постигна С. Велкова.
Фото: Tiverija Strumica Women’s FC



