Во зимскиот трансфер период премиерлигашот Манчестер Јунајтед ќе ги засилува напаѓачките редови и нивна цел ќе биде норвешката млада сензација Ерлинг Халанд. Оле Гунар Солскјер ќе се обиде да го доведе својот сонародник и да ја реши голгетерската криза во клубот.



