Арсенал е силно заинтересиран за младиот фудбалер Денис Закариа, фудбалер на Борусија Менхегладбах од средината на теренот, на истото место каде што и настапува Гранит Џака кој неминовно е да го напушти клубот по скандалот што го направи во рамките на Премиер лигата.
,,Топџиите” сакаат да најдат замена за Џака и размислуваат за евентуална трампа помеѓу нивниот фудбалер и Закариа кој има 22 – години, а по потреба може да покрие и на стоперската позиција. Оваа трампа е идеална за двата клуба, само треба да се слушне размислувањето на двајцата фудбалери дали би сакале да заминат во спротивен правец.



