Екипата на Сан Франциско 49ерс славеше со 25-28 на гостувањето кај Аризона Кардиналс. Најпрво домаќините поведоа со тачдаунот на Дрејк уште во третата минута, а до крајот на четвртината 49ерс израмнија преку Китл. Во втората четвртина, гостите постигнаа два тачдауни преку Бурн и Сандерс, па на полувреме заминаа со предност од 7-21. Предноста изнесуваше ист број на разлика и по крајот на третата четвртина откако и двете екипи постигнаа по еден тачдаун. Џонсон поентираше за Аризона, а Петис за Сан Франциско. Во последната четвртина, Аризона успеа само да ја намали разликата преку филд-голот на Гонзалез, тачдаунот на Исабела и конверзијата за два поени на Дрејк. Со оваа победа, 49ерс останаа на врвот во нивната конференција со учинок од 8-0, а Аризона се наоѓа на 12. позиција со учинок од 3-1-5.



