Нов Зеланд стигна до победа во натпреварот за третото место совладувајќи го Велс со 40-17. „Ол Блекс” доминираа во текот на цел натпревар, а резултатски најблиску, Велс се наоѓаше во првите 30 минути кога губеше со 14-10. Екипата на Нов Зеланд постигна пет есеи преку Муди, Боден Берет, Смит (2), Кроти и Мо’унга, а за Велс двата есеи ги постигнаа Амос и Адамс. Адамс е најдобар поентер на ова првенство со постигнати седум есеи. За Нов Зеланд ова трета бронза на СП, а Велс по втор пат завршува на четвртата позиција.



