На трката за големата награда на Австралија којашто се возеше на Филип Ајланд победи Марк Маркез. Шпанецот стигна до својата единаесетта победа оваа сезона и иако веќе математички е шампион, сепак дава сè од себе на трките. Оваа му е петта победа во низата која датира уште од Мизано т.е. од 15. септември. На подиумот, зад Маркез, се пласираа Кал Крачлоу и Џек Милер. Ова е прв подиум во кариерата за Џек Милер кој успеа да го оствари тоа на својата домашна патека. За само 55 илјадинки до својот подиум ќе дојдеше и новајлијата Франческо Бањаја, а нешто помалку од половина секунда му недостасуваше и на Жоан Мир. Јаноне со Априлија се најде на одличното шесто место, а Довициозо со освоеното седмо место си го осигури својот пласман на втората позиција во шампионатот. Во поени завршија и Роси, Ринс, Алеиж Еспаргаро, Морбидели, Пол Еспаргаро, Зарко, Абрахам и Сјарин. Хорхе Лоренцо беше единствениот возач кој ја заврши трката, а не освои поени. Трката не ја завршија Вињалес, Калио, Рабат, Квартараро и Петручи.



