Челниците на Ф1 решија да му ја одземаат добиената пол-позиција на Макс Ферстапен. Откако Валтери Ботас се заби во заштитната ограда пред крајот на квалификациите и блиску до стартно-целната рамнина, стјуардите дале наредба за намалување на брзината. Макс Ферстапен не ја испочитувал наредбата и постави најбрз круг што му го донесе првото место. Никакво истражување не беше покренато сè до моментот кога тој самиот изјави дека било очигледно дека не ја намалил брзината во близина на инцидентот.
На Ферстапен ќе му биде доделена казна од три стартни позиции што значи дека ќе стартува како четврти. Во првиот стартен ред ќе стартува двоецот на Ферари – Леклер и Фетел, а од третата позиција ќе тргне Луис Хамилтон.



