Во денешниот термин од 15. коло во англиската трета лига се одиграа осум натпревари, а вниманието најмногу го привлече дуелот помеѓу Саутенд и Донкастер. Имено, домаќините останаа со играч помалку во 6. минута кога „поцрвене” Хамилтон, но сепак поведоа преку Хатчинсон во 11. минута. Во продолжение следуваше тотален распад на играта и примени вкупно седум гола како и уште еден црвен картон. Головите за Донкастер ги постигнаа Томас (2), Шиф, Вајтмен, Садлиер, Меј и автогол на Ралф. Со оваа победа, Донкастер изби на шестата позиција во лигата и после месец ипол успеа да поврзе две победи во низа. Саутенд е запечатен на самото дно, а позади него е само Болтон кој е казнет со 12 поени.
Резултатите од другите натпревари:
Блекпул 1-1 Викомб
Бристол Роверс 0-2 Болтон
Бартон 1-0 Вимблдон
Портсмут 1-0 Линколн
Рочдејл 2-0 МК Донс
Шрузбери 1-1 Џилингем
Сандерленд 5-0 Транмер



