Денеска од 17.00 часот во салата ,,Боро Чурлевски” во Битола тимот на РК Еурофарм Работник ќе ја бара првата елитна и премиерна победа во рамките на Лигата на шампионите. Противник на битолчани е фински Кокс.
По првите три кола во Ц групата Еурофарм остана без бодови, додека финците веќе запишаа една победа во рамките на групата. Салата ќе биде исполнета со сиот свој капацитет и тоа ќе биде мотивација плус да се дојде до голема прва историска победа за македонскиот тим.
Фото: RK Eurofarm Rabotnik



