Завршија сите натпревари од групата Д, а во последниот меч се соочија Велс и Уругвај. Велшаните очекувано изборија победа со 35-13 и го завземаа првото место во својата група. До победата дојдоа со пет целосни есеи од кои еден беше казнет, а другите ги постигнаа Смит, Адамс, Вилијамс и Дејвис. Халфпени ги погоди сите четири конверзии. За Уругвај, есеј постигна Кеслер, а другите поени ги запиша Беркеси преку два пенали.
„Почит до Уругвај, тие продолжија да нè напаѓаат. Не престанаа од почеток до крај. Четири победи од четири натпревари, треба да продолжиме со победите и ќе бидеме добропласирани.” – истакна после натпреварот Џастин Тупурич, капитенот на Велс со хрватско потекло.



