Вечерва од 20.45 часот во Варшава,Полска ќе се одигра квалификацискиот натпревар помеѓу домаќинот Полска и Македонија во рамките на групата Г за пласман на Европско првенство во 2020 година.
Македонија со триумфот против Словенија ги врати шансите за првите две позиции на табелата, а вечерва против фаворитот во групата освен што ќе се брка победа за три бода и зачувување на шансите за пласман на едно големо натпреварување ќе се обидеме за прв пат да ја совладаме Полска, бидејќи до сега во четири меѓусебни дуели имаме три порази од (0:1, 4:1 и 3:0) и еден нерешен резултат од 1:1.



