Екипата на Јужна Африка убедливо ја порази Канада со 66-7 и си обезбеди пласман во четврт-финалето. По првиот пораз од Нов Зеланд, „Спрингбокс” врзаа три максимални победи. Канада паузираше во третото коло, па овој им беше трет натпревар, а воедно и трет пораз. Африканците импресивно го отворија натпреварот и веќе на полувремето водеа со недостижни 47-0. Де Аленде постигна есеј во третата минута и тоа е најбрзиот есеј во досегашниот тек на првенството – минута побрз од есејот на Голоснитски во првиот натпревар помеѓу Русија и Јапонија. Во 36. минута, Ларсен заработи црвен картон и Канада остана со играч помалку. Единствениот есеј за Северноамериканците го постигна Хитон, а Нелсон успешно ја претвори конверзијата. Освен Де Аленде, есеи за Јужна Африка постигнаа и Нкоси, Реинах (3), Гелант, Стејн, Бритс, Вилемс и Малерб. Жантиже успешно претвори 8 од можните 10 конверзии.



