Јапонија ја оствари и својата трета победа во низа на овогодинешното СП што се одржува на нивен терен. Домашната публика на „Тојота Стадиум” направи одлична атмосфера, а со победата од 38-19 над Самоа, Јапонците се на прагот до остварување на сонот. Сонот е пласман во четврт-финалето и покрај тоа што се во група со голема конкуренција и екипи од реномето на Ирска и Шкотска.
Во првото полувреме видовме само еден есеј од Јапонија, а поентираше Лафаеле во 28. минута. Сите други поени паднаа преку шутеви – 11 поени за Тамура и 9 за Таефу. На полувремето резултатот беше 16-9 за Јапонија. И во второто полувреме сите поени за Самоа ги постигна Таефу (10), а за Јапонија поентираа Казуки, Фукуока и Матсушима преку есеј и Тамура преку две конверзии и еден пенал.



