Лондонското дерби помеѓу Фулам и Чарлтон ни донесе доста возбудувања и четири голови. Натпреварот заврши со 2-2, а првиот гол падна во 41. минута. Стрелец беше Галагер кој му го донесе првото водство на тимот на Чарлтон. Веднаш на стартот на второто полувреме, Скот Паркер во игра ги внесе Харисон Рид и Боби Рид. Боби, после 10 минути игра му асистира на Кавалеиро кој со одличен погодок го израмни резултатот. Само две минути подоцна следуваше нов молк на „Крејвен Котиџ” откако Бон ја врати предноста на Чарлтон. Воодушевувањата на стадионот повторно ги поттикна Митровиќ во 63. минута со својот осми гол сезонава. Боби Рид во 91. минута имаше феноменална шанса за да му ја донесе победата на Фулам, но Филипс умешно го одбрани неговиот шут.
Со ова реми и двете екипи напредуваа по една позиција на табелата, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите. Фулам е трет со 19 поени, а Чарлтон е седми со 18.



