Македонската А женска репрезентација денес против Казахстан ја забележаа првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година со 4:1. Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 15:00 часот, а по два гола за нашата репрезентација постигнаа Наташа Андонова и Гентијана Рочи. 



