Во Саитама, на „Кумагаја Рагби Стадиум” беше одигран дуелот од второто коло во групата Д помеѓу Грузија и Уругвај. Уругвај во претходното коло направи голема сензација откако неочекувано ја победи репрезентацијата на Фиџи, но денес не успеа да го повтори истиот епилог. Имено, Грузија рутински славеше со 33-7. Интересен факт е што на натпреварот имаше само еден пенал, но и тој беше промашен од страна на Беркеси. Сите поени паднаа од шесте есеи кои беа дело на шест различни играчи како и петте успешно изведени конверзии. За Грузија поентираа Тодуа, Гиоргадзе, Килакава, Брегвадзе и Квеселадзе, додека за Уругвај единствен играч што постигна есеј беше Виласека. Конверзиите ги шутираа Абзхандадзе за Грузија (4/5) и Беркеси за Уругвај (1/1).



