Во полуфиналето од ирскиот куп се соочија најжестоките ривали во ирскиот фудбал – Бохемианс и Шамрок Роверс. На преполниот ,,Делимаунт Парк”, Роверс ги шокираа Бохемианс со 0-2. Стрелец на првиот гол беше Бурк во 5. минута, а конечниот резултат го постави Грини во 80. минута. Ова беше втора последователна победа за Шамрок Роверс над лутиот ривал, откако пред еден месец славеа со 1-0 во лигата. Роверс во финалето ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Слајго Роверс и Дундалк.



