Селекцијата на Аргентина ја забележа својата прва победа на овогодинешното СП откако ја совлада Тонга со 28-12. Сите поени, Аргентинците ги постигнаа во првите 27 минути. Најдобар играч на натпреварот беше Монтоја кој стана првиот хукер уште од 1999 што постигнал хет-трик. Во продолжение, Тонга успеа да постигне само два есеја преку Веаину.
„Сакавме да почнеме добро, но не го направивме тоа..” – после натпреварот се огласи Сиале Пиутау – капитенот на поразените.
Во овој натпревар, Тонга имаше само седум промашени соборувања што е најмалку на ова СП. Претходното најдобро достигнување беше во сопственост на Ирска, која против Шкотска промаши осум соборувања.



