Во петочниот вечерен термин од англискиот Чемпионшип се соочија Стоук и Нотингем. Домаќините стекнаа рано водство со голот на Ли Грегори кој стигна како појачување од Милвол. До крајот на полувремето, Нотингем успеа само да израмни преку Џо Лоли во 36. минута. На самиот почеток на вториот дел, гостите стигнаа до пресврт откако Сами Амеоби стрелаше прецизно со глава после одличната асистенција на Мети Кеш. Во 61. минута, Грабан го дуплираше водството на ,,црвените”, а до крајот, Стоук успеа само да постигне уште еден погодок преку МекКлин во 86. минута. Натпреварот заврши со 2-3 и овие три поени го однесоа Нотингем на врвот на табелата, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите. Стоук се наоѓа на претпоследната позиција со само два освоени бода.
Во другиот натпревар од истиот термин, Фулам го совлада Виган со 2-0.



