Tимот на Линц стигна до својата прва победа во шампионатот на Австрија со 23:32 против тимот на Ремус. Најдобар поединец денес беше бекот Горан Крстевски со 7 гола од 7 обиди и 5 асистенции, додека повторно одличен беше и крилото Никола Костески кој даде 4 погодоци.



