Фаворитот Радовиш се изнамачи во натпреварот против подмладената Струга и на крајот славеше со 29:27. Tимот на Струга пружи силен отпор уште од самиот старт за на полувреме да замине домаќинот со предност од 14:12. Во вториот дел иста слика на теренот, упорните гости се бореа максимално но искуството на Радовиш пресуди за победа од 29:27.




