Во рамките на петтото коло од Втора МФЛ – Исток на гостувањето во Радовиш против тимот на Плачковица, струмичка Беласица триумфира со 0:1 по заслуга со голот на Серафимовски Јордан во 79. минута од натпреварот, со тоа го одржува чекорот со лидерот на табелата тимот на Тиквеш, кој пак оствари победа над Брегалница во Штип со 0:1 стрелец на победничкиот гол беше Ѓорѓи Мојсов.
Заслужена победа на струмичани на тешкото гостување, каде што во текот на целиот натпревар ФК Беласица беше подобриот противник. Во првото полувреме не ги реализираа своите шанси, а во вториот дел Серафимовски ја поправи грешката за претходните пропуштени шанси во финишот на средбата за нови три бода.



