Во фер и коректен натпревар во квалитетна игра на двете страни во рамките на пионерска конкуренција се одигра познатото ,,Езерско дерби” во кое што талентираните пионерки на ЖРК Стружанка на гостувањето во Охрид на тимот на ЖРК Сани триумфираа со резултат од 9:14 на полувреме беше 4:7. Во победничкиот струшки табор прв стрелец заврши, воедно и на натпреварот Теодора Дукоска со 4 гола.
ЖРК Сани: Маркоска Дона, Паункоска Јана, Пупунцоска Анастасија 1, Јовеска Сања 3, Голабоска Марија, Дејкоска Ана, Нестороска Нена 2, Кочоска Сара 1, Голабоска Ана, Ристеска Драгана 1, Змејкоска Снежана 1, Настоска Јована и Саламовска Јана.
ЖРК Стружанка: Бакраческа Софија, Шекероска Јована, Калајџиеска Сара 2, Голабоска Марија 3, Пејоска Сара, Кузманоска Павлина, Ѓерѓеска Георгина, Затуроска Бојана 2, Скрческа Теодора, Славкоска Мартина, Ќушкоска Ивана, Ѓоршулеска Роберта 3, Теодора Дукоска 4 и Ѓокеска Никица.



