Македонската фудбалска репрезентација на 10. октомври против Словенија ги продолжува Европските квалификации за пласман на Европско првенство во 2020 година. Веќе од понеделник ( 23. септември) ќе може да се купи билет за натпреварот преку продажната мрежа на MKTickets, а исто така билет ќе може да се купи на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.
Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.



