Словенецот Примож Роглич кој е член на тимот Јумбо Висма неприкосновено ја освои третата елитна трка во сезоната – Ла Вуелта, а со тоа стана единствениот Словенец кој има освоено Гранд Тур.
Роглич победи на 10. етапа и од тој момент мудро ја чуваше својата црвена маичка што му го носеше првото место во генералниот пласман. Најблизок следбеник на Роглич беше домашниот натпреварувач – Алехандро Валверде кој заостануваше 2 минути и 33 секунди.
На третата позиција се најде сонародникот на победникот – Тадеј Погачар кој воедно ја освои и белата маичка за најдобар млад возач. Во првите пет се најдоа и искусниот Наиро Кинтана како и младиот Мигел Анхел Лопез.
Примож Роглич, исто така, ја освои и зелената маичка што го симболизира натпреварувачот со најмногу освоени поени.
Французинот Жофри Бушар победи во планинскиот пласман. За најдобар тим беше изберен Мовистар кој во првите 10 имаше дури тројца претставници – Валверде, Кинтана и Солер.



