Македонија на дебитантскиот настап на Европските првенства во четвртиот обид стигна до прв историски триумф на едно големо натпреварување. Ја совладавме со 3:1 силната репрезентација на Белорусија со 3:1 по сетови (23:25, 25:19, 29:27 и 25:20).
Најдобар поентер во нашиот табор беше капитенот Никола Ѓорѓиев со дури 35 поени. Утре во 17:30 часот играме против домашната репрезентација на Словенија меч на кој ако го добиеме може да не однесе и во 1/8 финалната фаза.



