Првиот натпревар од седмото коло во англискиот Чемпионшип го отворија Дерби и Кардиф.
И двете екипи имаа големи амбиции пред почетокот на сезоната, но за сега не ги оправдуваат очекувањата.
Дерби атакуваше кон првата победа на домашен терен сезонава и тоа им тргна од рака во шестата минута кога Скот Мелоун, после голема мешаница успеа да ја смести топката во голот на Смитис.
Во 19. минута беше досуден пенал за Кардиф. Успешно беше изведен од страна на Глатзел кој го постигна својот дебитантски гол во дресот на Кардиф откако во летниот преоден рок беше откупен од Хајденхајм.
Натпреварот заврши со резултат од 1-1.



