Кардиф беше домаќин на воведниот натпревар од шестото коло во Чемпионшип, а противник му беше, исто така минатогодишниот Премиерлигаш од Лондон – Фулам.
Натпреварот не ги оправда очекувањата на дерби натпревар. Сепак домаќините поведоа со голот на Марфи во 42. минута, а само три минути подоцна, на асистенција на Кавалеиро стрелаше Митровиќ. Ова беше петтиот погодок оваа сезона за Србинот и се израмни на листата на стрелци со првопласираниот Борха Бастон од Свонси.
Во 66. и во 68. минута Артер заради непотребен старт и симулирање доби два жолти картони, па Фулам остана со играч помалку. Велшаните не успеаја да ја искористат таа прилика па натпреварот заврши со конечни 1-1.



