Македонските ракометарки загубија со еден гол разлика 24:23 oд репрезентацијата на Италија на ЕХФ W17 Шампионатот кој се одржува во Лињано, Италија. На помалку од минута до крај на мечот резултатот беше 23:23, Италија погоди при подигната рака за пасивен напад за 24:23, нашите девојки не успеаја да израмнат во преостанатите 25 секунди и така домаќинот се радуваше на победа.
Најефикасни кај нас беа Андреа Седлоска со 9 и Ангела Јанкуловска со 8 голови. Андреа Седлоска беше избрана и за најдобар играч на мечот во тимот на нашата репрезентација. 



