Овој тркачки викенд во мотоциклизмот се одвиваше целосно под боите на шпанското знаме. Имено, тројца Шпанци победија во трите категории.
Најпрво, во Мото 3 победи Арон Канет пред двајцата Италијанци – Лоренцо Дала Порта и Тони Арболино.
Во Мото 2, до втората последователна победа стигна Алекс Маркез, а прв пат во своите кариери во Мото 2 на подиумот се најдоа Фабио Ди Џанантонио и Енеа Бастианини.
Во кралската класа, Марк Маркез го круниса својот одличен викенд со нов триумф, а зад себе ги остави Андреа Довициозо и Џек Милер.
Веќе два викенди по ред браќата Маркез доминираат во своите категории.
Наредната трка ќе биде наредниот викенд во Австрија.



