Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас одигра само едно полувреме и со настапот и додавањето по кое Наполи стигна до водство и победа во Марсеј ги воодушеви сите. Тоа беше доволно да се најде на насловната страница на еден од најугледните спортски весници во Италија „Кориере дело Спорт“. Насловот беше Елмас го воодушеви Анчелоти. 



