Невообичаено за еден професионален фудбалер е ако има алергија од трева, а токму на таква подлога се играат фудбалските натпревари. Таков еден проблем има одличниот играч на бундеслигашот Ајнтрахт Франктфурт 24-годишниот Дани Да Коста кој имаше одлична сезона пред себе.
Фудбалерот со алергијата се справува со тоа што носи опрема со долги ракава какви и да се временските прилики на теренот. Коста е поранешен играч на Баер Леверкузен, Инголштад и екс младински германски репрезентативец.



