Англискиот напаѓач Даниел Стариџ е казнет со шест неделна забрана за играње фудбал од страна на англискиот фудбалски сојуз. Причината за казната е поради тоа што минатата сезона го врбувал неговиот брат да уплати во спортска обложувалница дека од Ливерпул ќе направи трансфер во Севилја и дека тоа е готова работа. Сепак на крај во тој период заврши на позајмица во Вест Бромбич Албион. Стариџ во моментов е слободен играч.



