Работнички се појачи на голманската позиција откако вчера официјално беше соопштено дека поранешниот голман Дамјан Шишковски повторно се враќа во клубот.
Шишковски беше член на ,, Дебармаалци” од 2010 до 2014. Во 2015 замина на позајмица во Гент, но пак се врати во Работнички кадешто беше дел од тимот до 2018.
Во зимскиот преоден рок во 2018 замина во Лахти, а претходната сезона ја помина во РоПС од Рованиеми.
Во Работнички се врати како слободен играч и потпиша договор за една сезона.



