Македонскиот репрезентативен напаѓач Александар Трајковски кој го носи дресот на Палермо, од новата сезона лесно може да се случи да ја смени клупската средина и да премине во славниот тим од Милано, тимот на Милан.
Погодоците и асистенциите во изминатиов период како за репрезентацијата како и за сицијанскиот клуб му носат многу понуди за трансфер и можност да ги замени клупските бои со некој поголем и славен европски клуб, а меѓу нив и тимот на ,,Росоњерите”. Во прилог и видео од неговите голови и асистенции за Палермо и за Македонија.



