Во новата натпреварувачка сезона струмичка Беласица ќе има нов шеф на стручниот штаб, а раководството на тимот довербата му ја додели на младиот и амбициозен стручњак, Ване Милков. Милков е ,,дете” на сино-белите, а во изминативе четири сезони успешно ги предводеше младинските категории на Беласица.
Клубот ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, а Милков на располагање ќе ја има најмладата екипа во првенството, но негова специјалност е работата со младите таленти, па од таа причина му е доверена довербата клубот да го врати на старите славни патеки.



