Лионел Меси е препознатлив по магичните потези, дриблинзи и погодоци. Во неговата статистика ретко се појавува заработен црвен картон, а во досегашната репрезентативна кариера има два црвени картони. Првиот е од пред 14 години кога Аргентина се соочи против Унгарија и на тој меч доби шанса од клупата за потоа да заработи директен црвен картон.
Второто негово исклучување се случи на натпреварот за трето место на Копа Америка против Чиле кога во 37 минута главниот судија ги исклучи двајцата капитени Меси и Медел поради нивниот меѓусебен дуел. Потсетување на првиот црвен картон на Меси од пред 14 години:



