Нашата машка репрезентација на ЕП во ракомет на песок ги заврши настапите со убедливата победа денес против Црна Гора на 19-то место. Она што е посебно за пофалба се одличните игри на Цветан Кузманоски младото крило на РК Струга, кој постигна 108 поени на девет меча или просек 12 по натпревар. Тој се најде и помеѓу најдобрите 30 играчи на шампионатот на високото 12 место. 



