Во пријателски контролен натпревар ФК Борец одлично ги почна припремите во новата сезона за ПМФЛ. На стадионот ,,Борис Трајковски” во Маџари,Скопје убедливо го разби младиот состав на ФК Работнички со резултат од 0:5.
Стрелци за новиот прволигаш од Велес беа Марко Георгиевски, додека Симеон Христов постигна хет-трик, а Јосе Манасиев беше стрелец на еден гол. Велешани сериозно уште на стартот го прифаќаат прволигашкиот предизвик и се очекува да бидат убаво освежување и додатен квалитетет на нашата најдобра прва фудбалска лига.



