Дефинитивно еден од најдобрите голмани сезоната 2016/2017 во македонската трета лига, Трајче Китановски деновиве на повидок е негово враќање на фудбалските терени. После едногодишна пауза поради неколку пати повторување на иста повреда, а во меѓувреме со ангажман во фудбалската школа “Хет Трик” во улога тренер на голманите.
Но и покрај тоа голмански речено е сеуште премлад копачките да ги “пензионира”. Во обид да дознаеме нешто повеќе околу гласините за негово враќање помеѓу стативите кусо ни одговори:
” Да, има такви најави и е возможно но не би сакал ништо повеќе да откривам сега за сега… Барем не додека не се официјализира работата, за 15 тина дена ќе се знае се, а ветувам вие ќе имате ексклузива”. Во прилог ви прикажуваме само дел од неговите најдобри интервенции сезона 2016/2017:



