Драги пријатели,
Големо задоволство ни е да ви најавиме дека извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, во Охрид.
Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите.
Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со PROUD околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во ограничен број, од оваа среда (03.07) во 09 часот наутро, онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следниве цени и категории:
ПАРТЕР стоење – 500 денари
SILVER SEATS – 600 денари
GOLDEN SEATS – 700 денари
Тамара, Охрид и Антички театар- исклучителна вечер во најава!
Одиме понатаму,
Авалон Продукција
https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/posts/2702509909777019



