понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Горан Станковски: Македонската репрезентација до 17 години зема залет…

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 20, 2019
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Македонската репрезентација до 17 години оствари шест победи на последните седум контролни натпревари и селекцијата предводена од Горан Станковски со право се надева дека позитивната резултатска низа ќе продолжи. Нашата млада селекција за важниот квалификациски турнир за пласман во Елитната фаза формата ќе ја „бруси“ и со натпреварите кои ќе следуваат кон крајот на август против Унгарија во Скопје, а потоа ќе гостуваме и на турнир во Летонија. Сите овие активности се подготовка за квалификацискиот турнир во Полска кога ќе се соочиме со домаќинот Полска, Белгија и Лихтенштајн.

Од крајот на март до средината на јуни, македонската репрезентација до 17 години забележа три победи на развојниот УЕФА турнир во Скопје, против Азербејџан (2:1), Грузија (2:0) и Саудиска Арабија (2:0), потоа на турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Стара Пазова  ја совладавме Бугарија (1:0), а единствениот пораз го доживеавме против Србија (0:1) во натпревар на кој судиите беа во главна улога и директно влијаеја на резултатот. На последните два контролни натпревари запишавме две победи против Албанија (1:0) во Охрид и 2:0 во Корча.

–Со оглед на тоа дека остваривме шест победи, а одговорно тврдам дека ни беше одземена победа и против Србија, задоволен сум од подготвителниот период и учинокот на тимот. Ме радува тоа што фудбалерите го прикажаа, а посебно од нивната дисциплина и одговорност во играта. Секако, имаме доволно време и да корегираме некои работи, но генерално одиме во посакуваниот правец. За нас е важен и периодот кои следува, посебно тренинг кампот во август и ќе се обидеме да го задржиме нивото кое ни носи и добра атмосфера и посакувани резултати, вели селекторот на репрезантацијата, Горан Станковски.

Македонската селекција до 17 години по завршувањето на тренинг кампот ќе одигра два контролни натпревари во Скопје против Унгарија, а потоа ќе патува за Летонија каде ќе учествува на турнир.

-Тренинг кампот ќе биде можеби последниот филтер во изборот на фудбалерите кои ќе бидат дел од составот за квалификацискиот турнир за Елитна фаза. Иако, костурот на тимот го имаме, сепак можно е да има и одредени промени. Ќе се приклучат и неколкумина фудбалери од странство кои ќе добијат шанса да конкурираат за место во составот, но немаме простор, ниту потреба за сериозни промени. Главно, ќе се насочиме кон подготовка за трите натпревари против Полска, Белгија и Лихтенштајн. Се надевам дека сите ќе ја исполниме обврската и ќе се бориме за место во Елитна фаза. Белгија на тој турнир е прв фаворит, Полска е исто така многу квалитетна селекција, но играта и резултатите на Македонија ни даваат за право да се надеваме дека можеме до второто место и пласман во Елитна фаза, изјави Горан Станковски. 

ShareTweet
Претходна вест

TOW#494 – Поздравување

Следна вест

(Галерија) Американка која игра одбојка за Албанија победи на Мис Универзум

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

(Галерија) Американка која игра одбојка за Албанија победи на Мис Универзум

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.